Доаѓа евтин или бесплатен Netflix со огласи

- Advertisement -

Извршниот директор на Netflix, Тед Сарандос, на фестивалот за рекклами во Кан, Cannes Lions Advertising Festival, потврди дека се подготвува нов Netflix севис кој во себе ќе содржи огласи. По повод тоа Сарандос изјави дека заборавиле еден битен сегмент од корисниците кои велат дека Netflix е прескап и не би им пречело да има огласи ако биде поевтин.

Тоа не значи дека корисниците на постојниот Netflix наскоро ќе добијат огласи во своите филмови и серии, туку се планира посебна, секундарна варијанта на платформата која ќе ја имаа таа опција. Секако, се поставува прашањето колку ќе чини претплатата за тој Netflix, односно дали постои можност да биде бесплатен ако се финансираат од огласувачите.

- Advertisement -

Сарандос засега не откри ништо за тоа, но постои сомнеж дека може да биде целосно бесплатен, туку цената на претплатата веројатно ќе биде значително пониска, барем на почеток, додека не се види колку огласувачите се заинтересирани за таков начин на маркетинг.

Netflix во првиот квартал од годинава изгуби 200.000 претплатници, па сега очигледно бара нови начини како да го промени трендот и да го зголеми нивниот број. Тоа ќе му биде прилично тешко со оглед на конкуренцијата од новите сервиси како Disney Plus и Paramount Plus, а не се предаваат ни постарите како HBO Max, Hulu и Amazon Prime.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Pixa Hive)

Сподели!
- Advertisement -