Денеска се отвора скопскиот Аква Парк

- Advertisement -

Од Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ го најавија отворањето на скопскиот Аква Парк! Како што информираат оттаму, Аква Паркот ќе биде отворен од петок, 1. јули, а ќе работи секој ден од 10 – 18 часот. И сезонава Аква Паркот ќе биде место за вистинско разладување, уживање во водени лудории и многу забава!

Аква паркот и годинава нуди интересни содржини за сите возрасти: десет атрактивни тобогани, базен со бранови, бумеранг, детски базен, како и новото детско катче за забава во песок.

Сподели!
- Advertisement -