Истражувачи го направија првиот имплант кој ја отстранува болката без лекови

- Advertisement -

Истражувачи од универзитетот Нортвестерн направија уред кој изгледа како да е измислен или од некој филм. Малиот, флексибилен имплант е прв од тој вид во светот и ја отстранува болката на комљанда, притоа без да дава лекови и потоа се разложува.

Биокомпатиблниот уред е многу потребна алтернатива за опиоидите и другите лекови кои создаваат зависност. Како што велат истражувачите, уредот може да биде многу корисен за пациенти кои треба да прават рутински операции или ампутации, после што следува постоперативна грижа. Хирурзите ќе можат да го имплантираат уредот во текот на процедурата и да ја контролираат постоперативната болка на пациентите.

- Advertisement -

Студијата е објавена на 1 јули во весникот Science.

Иако опиоидите се многу ефективни, исто така создаваат зависност, велат авторите на студијата Тие додаваат дека како инженери, биле мотивирани од идејата да ја третираат болката без лекови на начини кои би реагирале веднаш и ќе се контролира интензитетот на болката. Имплантот користи еден едноставен концепт на испарување. Содржи течност која испарува кога ќе биде на некоја одредена локација над некој нерв. Уредот нежно се става околу нервот и прецизно и таргетирано го разладува местото.

- Advertisement -

Сите компоненти на уредот природно се апсорбираат во телото во текот на повеќе денови или недели без да мора да се вадат по хируршки пат.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -