Европската вселенска агенција сака да испрати луѓе на Марс пред 2040 година

- Advertisement -

Европската вселенска агенција сакa да испрати Европејци на Марс пред 2040 година. Во стратешкиот документ кој го објавија тврдат дека Европа ќе биде дел од првата мисија на Маес со човечки екипаж, во соработка со други агенции.

Во текот на подготовките за таа мисија на Црвената планета ќе се направат експедиции без екипаж, објавија од Европската вселенска агенција и додадоа дека се разгледуваат сите достапни можности за лансирање на Марс.

- Advertisement -

Европската вселенска агенција сака и да ја преземе улогата на пионер во преносот на товар на таа планета, но и во одржувањето на животот таму, се вели во документот.

Агенцијата е основана во 1975 година, а во неа денес учествуваат 22 држави-членки.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -