Електронска кожа овозможува луѓето далечински да ги контролираат роботите

- Advertisement -

Човечката кожа е мека и растеглива и има милиони нервни завршетоци кои чувствуваат топлина и допир. Поради тоа е одличен инструмент за откривање и реагирање на надворешнито свет. Инженерите веќе 40 години работат на репродукција на овие способности во синтетичка верзија, но таквите обиди не резултираа со сестрана и прилагодлива вештачка кожа. Меѓутоа, новите истражувања додаваат повеќе можности и сложеност за да се приближат до крајната цел – електронска кожа која ќе се става од роботи до преносни уреди на луѓето.

Веи Гао, биомедицински инженер на Институтот за технологија во Калифорнија, одлучи да ги комбинира сензорите за допир и топлина со оние кои можат да откријат хемикалии.

- Advertisement -

„Сакавме да создадеме роботска кожа која има фисичка способност за допир, но сакавме да и дадеме и моќна способност за хемиски сензори“ вели Гао. Неговиот труд е објавен во списанието Science Robotics на почетокот на јуни.

Неговата лабораторија употребила инкџет печатач за нанесување на слоеви од специјализиран материјал направен од наноматеријал, мешавина од микроскопски парчиња метал, јаглен или други соединенија, во една мека база од хидрогел. Со печатење со различни наноматеријали, од кои секој е формулиран за откривање одредени хемикалии, тимот на Гао развил маски кои може да почувствуваат експлозиви, нервни отрови како тие што се користат во хемиските војни, па дури и вируси како САРС-КоВ-2.

- Advertisement -

Гао и неговиот тим исто така вклучиле и претходно развиени сензори за притисок и температура. Резултатот е електронска кожа која изгледа како проѕирен фластер со метален дел вграден во површината.

Но, таа електронска кожа може да прави повеќе отколку само да чувствува допир. Гао вели дека сакале да бидат сигурни дека може да влучат интеракција меѓу човекот и машините, па затоа развиле вештачка интелигенција која овозможува врска меѓу две посебни електронски точки на кожата – една на роботот и друга на човекот.

- Advertisement -

Таквата интеракција во иднина ќе може да овозможи роботите да ги заменат луѓето на места кои се негостољубиви за луѓето.

(Scientific American)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -