Американски стартап направи леќи со проширена реалност

- Advertisement -

Стартапот Mojo Vision од Калифорнија веќе подолго време работи на развојот на леќи кои би имале дополнителни опции за користење. А сега изгледа успеале да го направат првиот прототип, кој навистина овозможува да фрлиме поглед во проширената реалност.

Како што напиша на официјалниот блог извршниот директор на Mojo Vision, Дру Перкинс, прототипот кој го развиле не се разликува по големината од класичните леќи кои се користат за подобрување на видот, но во себе кријат многу повеќе.

- Advertisement -

Mojo Lens можат да користат компас за да се снајдат во околината, да прегледуваат фотографии и да читаат текст. Перкинс појаснува дека во центарот на Mojo Lens има MicroLED екран со резолуција од 14.000 пиксели, а има само 0,5 мм.

Тоа е и најмалиот и најгуст екран кога било создаден за динамични содржини. Освен тоа, користат и посебно развиен чип кој содржи ARM Core M0 процесор и 5GHz радио кој емитува податоци од леќата и прикажува содржини за проширена реалност на екранот. Освен тоа, тука се и акцелерометарот, жироскопот и магнетометарот, кој постојано го следи движењето на окото за содржините од проширената реалност да може да се прилагодат на околината.

- Advertisement -

Развиле дури и единствен интуитивен интерфејс, кој овозможува управување со содржините со помош на движењето на окото.

Засега нема информации за тоа кога Mojo Lens ќе може да дојде на пазарот, како ни која би била цената.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -