Девет проценти од населението на Земјата се во сиромаштија

- Advertisement -

Над 71 милиони луѓе во светот се соочуваат со сиромаштија како резултат на растот на цените на храната и енергенсите, кои пораснаа поради руската инвазија на Украина, соопшти Програмата за развон на ОН (УНДП).

Оттаму проценуваат дека уште 51,6 милиони луѓе паднале во сиромаштија во првите три месеци од почетокот на војната, а живеат со приходи од 1,90 долари дневно или помалку. Поради тоа сега вкупно 9% од светската популација се сиромашни додека дополнителни 20 милиони се на границата на сиромаштија со примања од 3,20 долари дневно.

- Advertisement -

Во земјите со ниски примања семејствата трошат над 42% од приходите на храна, но после занкциите кои западните земји ги воведоа против Русија, цените на горивата и на основните прехранбени производи како пченица, шеќер и масло за јадење.

Блокираните пристаништа на Украина и неможноста да се извезуваат житарки од земјата во земјите со ниски примања доведа до работа на сиромаштија десетици милиони луѓе. Брзината со која луѓето се најдоа во сиромаштија ја надмина кризата која ја предизвика пандемијата на корона вирусот.

- Advertisement -

УНДП процени дека 125 милиони луѓе се соочиле со сиромаштија после 18 месеци карантини и затворање подари пандемијата, додека 71 милиони луше осиромашиле за само три месеци после руската инвазија во Украина.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Raw Pixel)

Сподели!
- Advertisement -