Минимална кошничка за едно четиричлено семејство е зголемена за 3.400 денари

- Advertisement -

Минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во јуни изнесувале 39 710 денари и во однос на јануари годинава се зголемени за 3 399 денари или за 9,49 проценти

Според анализата на Сојузот на синдикати тоа се должи на растот на цените кој минатиот месец бил најголем кај храната и пијалаците. Од Сојузот бараат поради пресметките за зголемеа минимална кошница и за трошоците за живот веднаш да се пристапи кон потпишување на нов општ колективен договор за јавниот сектор.

- Advertisement -

Минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во јуни изнесувале 39 710 денари и во однос на јануари годинава се зголемени за 3 399 денари или за 9,49 проценти.

Од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), каде на месечно ниво ја прават синдикалната потрошувачка кошничка, информираат дека за една година синдикалната кошничка е зголемена за 5 498 денари или за 16 проценти.

- Advertisement -

„Порастот на цените и растот на инфлацијата која од месец за месец е сè поголема за месец јуни изнесува 14,5 проценти и влијае врз намалувањето на куповната моќ на работниците и доведува до осиромашување на целокупното население“, оценуваат од ССМ.

Според анализата на ССМ, зголемувањето на минималната синдикална кошничка расте поради порастот на цените. Најголемо зголемување во јуни има кај храната и пијалаците.

Сподели!
- Advertisement -