Германската држава Бранденбург им забрани на невакцинирани да одат на работа

- Advertisement -

Вo Бранденбург, Германија, по прв пат здравствениот сектор воведе забрана за влез за двајца вработени кои не се вакцинирани против корона вирусотНа тој начин биле спречени да дојдат на работа .

Портпаролот на Министерството за здравство во Потсдам вчера потврди деа ова се првите два случаи во сојузната држава за кои е забранет влез во болница затоа што не се вакцинирани. Вакцинацијата за здравствениот персонал е задолжителна за медицинскиот персонал од средината на мард оваа година.

- Advertisement -

Како што пренесуваат локалните медиуми, округот Одер-Шпре пред неколку дена соопштил дека забранатз за влез е воведена за две лица на крајот на јуни кои ни во иднина не планираат да се вакцинираат против корона.

Бидејќи раководството на устаноата соопштило дека ангажирале соодветен заменски кадар, нема недостиг на персонал и причини за уште едно избегнување на задолжителна вакцинација.

- Advertisement -

На средината на март годинава вработените во домовите за стари лица и на клиниките, во ординациите, бабиците, масерите и физиотерапевтите мораше да докажат дека се целосно вакцинирани против корона вирусот или дека неодамна закрепнале од истиот.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -