Сега може да користите WhatsApp на два телефони истовремено

- Advertisement -

Во најновата бета верзија на WhartsApp пронајдена е интересна опција која многумина ја бараат подолго време. WhatsApp веќе овозможува поврзување на повеќе уреди истовремено, но можноста за користење на истаиот профил на два телефони истовремено битна надградба со оглед ан тоа дека услугата долго време беше ограничена на само еден телефон.

Најголем недостаток досега беше тоа што компанијата во сопственост на Metа не им дозволува на корисниците да конфигурираат два посебни телефони за ист профил. Како што објавија некои медиуми, тоа наскоро може да се промени бидејќи активно работат на тоа да синхринизираат два телефони со иста историја на разговори.

- Advertisement -

Со други зборови, можеме да очекуваме дека наскоро ќе можеме на повеќе телефони да користиме ист профил. За корисниците кои имаат повеќе од еден паметен телефон ова е многу битно ажрирање. Преминот од iPhone на Android инобратно долго време беше кошмар за сите кои сакаа да ја префрлат историјата на разговори од едниот на другиот уред.

Со ова WhatsApp се приблиува до конкуренцијата, бидејќи такви алтернативни услуги како Telegram веќе им овозможуваат на корисниците да конфигурираат повеќе од еден мобилен телефон за поврзување на ист профил.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -