Starbucks пристигнува во Црна Гора

- Advertisement -

Градоначалникот на Подгорица, Иван Вуковиќ, потврди дека американскиот синџир кафетерии Starbucks пристигнува во Црна Гора. Тој во објава на Fасеbооk наведе дека Starbucks до крајот на годинава ќе почне да работи во земјата, а како што рече, тоа било резултат на состаноците со претставници на компанијата Zeren Holding од Велика Британија, која соработува со сопствениците на франшизата.

„Планот е во наредните шест месеци Подгорица да ја добие првата Starbucks кафетерија. Тоа е инвестиција од 5 милиони евра и 50 нови работни места“ наведе Вуковиќ.

- Advertisement -

Тој додаде дека веќе некое време траат преговорите за доаѓањето на уште еден познат бренд во Подгорица.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -