Милијардерот Илон Маск се откажа од кушување на Twitter, а на заканата од компанијата дека ќе мора да плати отштета од над 1 милијарди долари одговори така што ги исмеа ни помалку, ни повеќе туку на Twitter.
Маск одлучи да го раскине договорот за купување на Twitter, вреден 44 милијарди долари, затоа што компанијата не достави информации за лажните профили. Од компанијаѕа најавија тужба против Маск, наведувајќи дека трансакцијата мора да се затвори по цената и условите наведени во договорот, а во спротивно ќе следува отштета.
Тоа го натера Маск да објави меме на својата омилена социјална мрежа, во кое пишува дека најпрвин рекле дека не може да го купи Twitter, потоа не му даваат информации за лажните профили, а потоа се обидуваат по судски пат да го натераат да ја купи компанијата. Сега на суд ќе мора да му ги дадат информациите за ботовите, напиша Маск покрај фотогографија од самиот себе на која се смее.
Акциите на Twitter во петокот паднаа за една третина во однос на договорената цена, а после објавата дека се откажува од купување на Twitter порасна вредноста на акциите на Teslа затоа што инвеститорите позитивно реагираа на потегот на Маск да го раскине договорот вреден 44 милијарди долари.
(N1)
(фото: Twitter)