Северна Македонија е на врвот во Европа по своето загадување на воздухот, кое некогаше толку големо што луѓето со респираторни заболувања бегаат од урбаните средини.
Дваесет и петгодишната Ангела Бушеска живеела во густиот смог во Скопје откако се преселила таму кога имала 17 години за да вежба за математичка олимпијада. Живеела кај тетка и, која имала кардиваскуларно заболување, кое се влошувало како што се зголемувало загадувањето и придонело за нејзина смрт.
Но, после загубата на тетка и, Бушеска наоѓа инспирација да им помогне на луѓето да ги сменат своите навики кога станува збор за емисијата на јаглерод диоксид. Во екот на пандемијата, Бушеска, која студирала електроинженеринг и компјутерски науки, станува социјален претприемач.
Бушеска научила како да кодира и ја основа својата непрофитна организација за промоција на нејзината бесплатна мобилнa апликација EnRoute, која ја мери количината јаглерод диоксид испуштена во атмосферата преку секојдневните активности и го става фокусот на прашањето за екоманипулацијата во модната индустрија.
Таа ја подигна свеста за својата НВО преку предизвикот Sustainable Chain of Transport Challenge, спонзориран од Volvo, и склучи партнерство со Global Changemakers. За само неколку години EnRoute отстрани 180.000 кг јаглерод диоксид од атмосферата преку активностите на своите 80.000 корисници во 120 земји во светот и мрежата од амбасадори.
Сега компанијата на Бушеска го заслужи своето место на листата „30 помлади од 30“ (30 Under 30) за Европа на магазинот Forbes за 2022 година. Тоа е само уште едно достигнување во нејзината колекција од награди и признанија, меѓу кои се 2021 Global Teen Leader, European Young Innovator, 2021 Diana Award, 2021 Shawn Mendes Wonder Award и National Geographic Young Explorer.
„Во март 2020 година, додека правев пауза од студирањето, барав начини како да се едуцирам самата себе да правам апликации и како да направам подобро општество. Апликацијата EnRoute е дизајнирана да ја подига свеста за индивидуалниот придонес за намалувањето на емисијата на СО2“ вели Бушеска.
Загадувањето во Македонија е резултат на немањето регулативи за загадување од возилата и за емисијата на стакленички гасови од текстилната индустрија, електроцентралите, додава таа.
„Лесно е да се обвинува владата за тоа. Јас сакав да најдам поинаков пристап за да ја подигнам свеста за ситуациите кога наместо да брзаме, можеме да размислиме како да направиме повеќе работи одеднаш и да заштедиме гориво или истовремено да ја намалиме нашата емисија на СО2“ изјави Бушеска, која ја освои и наградата Aaron O. Hoff во категоријата Emerging Leader.
Бушеска се надева дека ќе интегрира повеќе начини на кои апликацијата може да го намали карбонскиот отпечаток на корисниците и да склучи партнерства со училишта во Северна Македонија и во САД, каде што учениците ќе добијат пристап до софтвер кој ќе им помогне да живеат на поодржлив начин.
Таа се надева да продолжи да ја истражува темата машинско учење и како технологијата може да се примени во науките за заштита на животната средина.
„Навистина верувам дека сме на пат каде што машинското учење и вештачката интелигенција ќе му помогнат на оштеството. Јас само сакам да ја истражам таа област, да го користам машинското учење за доброто на општеството“ објаснува Бушеска.
(LaFayette.edu)
(фото: Forbes)