Над 281.000 граѓани во Македонија имаат животно осигурување

- Advertisement -

Нови 20.000 граѓани го осигурале животот во првите три месеци годинава со што вкупниот број на граѓани кои имаат животно осигурување надмина 281.000.  Во првите три месеци во осигурување живот граѓаните вложија 494 милиони денари (8 мил.евра), покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).

Најбројни се вложувањата во таканареченото ризико – осигурување. Повеќе од 220.000 граѓани имаат ризико осигурување и тоа е за речиси 20.000 осигуреници повеќе во споредба со крајот на 2021 година.

- Advertisement -

Овој продукт вклучува осигурувањето на животот на осигуреникот и во случај на негова смрт се исплаќа осигурена сума на член на семејството, сопружник или друг корисник на осигурувањето. Кај овој вид осигурување доколку не се случи ризикот до истек на договорот за осигурување сите вложени средства ги задржува осигурителната компанија

Петте компании за осигурување живот во првите три месеци годинава исплатиле вкупно 180 милиони денари (2,9 мил.евра) на своите осигуреници по основ на доживување, раскинати договори или по основ на случена смрт.

- Advertisement -

Минатата година беше рекордна од аспект на вкупните вложувања во осигурување живот кои надминаа 2 милијарди денари (32,5 мил.евра).

Сподели!
- Advertisement -