Препознатлив по топлата, сончева клима, шарените згради, одличниот ноќен живот и љубезното население, Лисабон во Португалија е прогласен за најсреќен град во светот според истражувањето на компанијата за патување iVisa.
Благорадение на Индексот за најсреќни градови во светот, листата која рангира 40 градови за да се утврди кое е најсреќното место во светот, патниците можат да ги прилагодат своето патување.
Тој индекс ви помага да одлучите каде да патувате врз основа на пет фактори на среќа: цената на живот, сонцето, зелените површини, љубезноста на локалното население и очекуваниот животен век.
Годинава на Лисабон му припадна титулата најсреќен град во светот. Постои причина зошто Лисабон е на врвот на листата. Главниот град на Португалија е еден од најживописните градови во светот.
Лисабо годишно има дури 2.701 час сонце, а жителите во просек работат 31 час неделно. Освен што е на врвот по среќата на луѓето, тој е на четврто место меѓу најубавите градови на листата U City Guide, веб страница посветена на урбаните дестинации.
Исто така, Лисабон е дом на познати знаменитости, вклучувајќи го и манастирот Јеронимос и кулата Белем. Кога станува збор за храната, ќе посакате да пробате еден од домашните специјалитети – Pastéis de Belém.
На второ место на листата е Барселона, а потоа следуваат Атина, Рим, Синдеј, Мадрид, Торонто, Сан Хозе, Истанбул и Бангкок.
(Klix.ba)
(фото: Flickr)