Специјалниот претставник на Светската здравствена организација за КОВИД, д-р Давид Набаро, апелираше луѓето да го почитуваат корона вирусот и наведе дека овој вирус постојано еволуира и станува премногу паметен.
Во Великс Британија моментално се доминантни варијантите BA.4 и BA.5, како и во сите земји каде што е забележан пораст на бројот на заболени. Министерот за здравство на Велика Британија, лордот Сајед Камал, предупреди дека анти-КОВИД мерките може повторно да се вратат ако големиот број на заболени врши притисок врз здравствениот систем.
Еден ден откако во Велика Британија бројот на починати од КОВИД надмина 200.000, изјави дека корона-вирусот е способен постојано да се менува и да еволуира.
„Причината поради која имаме зголемување на бројот на заболени е што вирусот се менува и станува премногу паметен за нас. Може да помине низ нашата имунолошка одбрана“ рече тој.
„За поголемиот број заболени придонесе и фактот дека луѓето почнаа многу повеќе да се дружат и не ги почитуваат мерките за претпазливост, како што е носењето маски. Моето предупредување до сите е да сфатат дека вирусот е уште тука. Иако моментално не зема толку животи, навистина е непријатен, посебно ако добиете продолжен КОВИД“ додава Набаро.
(Bizlife)
(фото: Pixabay)