Русија забрани користење на криптовалути за какво било плаќање

- Advertisement -

Во февруари годинава Банката на Русија предложи забрана на криптовалутите за плаќање или инвестирање. Тогаш руското Министерство за финансии поднесе нацт крипто предлог кој дозволува инвестирање во дигитален имот како етереум или биткоин, но не и да се користат за купување нешто.

Рускиот претседател Владимир Путин во саботата потпиша ззабрана за користење на криптовалутите за плаќање. Одлуката доаѓа откако руската влада и руската банка дискутираа што да се направи во врска со криптовалутите.

- Advertisement -

Законот кој забранува користење на криптовалутите за плаќање услуги е објавен на веб-страницата на рускиот парламент. Во него се наведува дека руската влада забранува пренос или прифаќање на дигитални финансиски средства како надомест за пренесена роба, извршена работа или други начини кои дозволуваат плаќање на роба со дигитални финансиски средства, освен ако е поинаку наведено во сојузните закони.

Русија почна дискусија за криптовалутите откако изврши инвазија врз Украина на почетокот на 2022 година. Како резултат на тоа големите крипто-компании како Binance и Coinbase изјавија дека ќе се придржуваат до законите на САД или ЕУ во ограничувањето на користењето на крипторазмената за руските државјани.

- Advertisement -

Кирпто законодавството во Русија е многу комплицирано бидејќи централната банка во земјата претходно повика на забрана на рударењето на биткоин и на криптотрансакциите, но на почетокот на 2022 година руското Министерство за финансии истакна дека потребно е да се дозволи развојот на технологијата за криптовалути. Руските рудари на биткоин даваат 10% од компјутерската моќ на биткоин мрежата, но руските власти неколку пати зборуваа за ограничување на таа индустрија.

(Tech Times)

- Advertisement -

(фото: Quote Inspector)

Сподели!
- Advertisement -