Citroen претстави автомобил кој може да се вози со или без возачка дозвола

- Advertisement -

Францускиот производител на автомобили Citroën го претстави моделот Ami — уникатен електричен автомобил кој може да го вози секој постар од 14 години, без или со возачка дозвола. Двоседот е 100% електричен автомобил и доаѓа со батерија која може да се полни на стандарден штекер за само 3 часа.

Како дел од мисијата на брендот да се понуди урбана мобилност достапна за сите, Citroën Ami има цена од само 6.000 евра или да се отплаќа на рати по околу 20 евра месечно.

- Advertisement -

Името на автомобилот доаѓа од францускиот збор за пријател, а е класифициран како електричен квадрицикл, односно тоа е посебна класа во ЕУ за микроавтомобили кои може да ги возат и тинејџери без дозвола.

Лесниот и ултракомпактен Citroën Ami е долг само 2,41 метри и тежи само 485 кг, а батеријата му е 5,5 kWh, додека моторот има 6 kW. Микроавтомобилот има досег од 70 км со едно полнење на батеријата.

- Advertisement -

Ami може да се поврзе со смартфон за полесен пристап до информации за самото возило. Достапен е во 7 различни верзии и постојат безброј опции за избор на бои и додатоци.

Ami ќе биде достапен на лизинг, за служби за споделување превоз и за купување. Продажбата во Франција почнa во март, а потоа ќе се шири и во други европски земји.

- Advertisement -

(Inhabitat)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -