Младите членови на Здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар Доза среќа“ освоија 23 златни медали на Научната олимпијада за млади иноватори. На олимпијадата учествуваа повеќе до 300 меѓунаронди тимови, а тимот на „Доза Среќа“ под водство на менторот Др. Драган Јованов се натпреваруваше со проект на тема-билките и нивната примена во секојдневниот живот.
„Ние веруваме заедно со студентите од Здружението „Доза среќа“ и освоивме 23 медали на Научната олимпијада за млади иноватори и таленти во Индонезија. За нас прво олимписко злато. Нашиот научен проект во областа на животната средина беше награден со златен медал. Чест е да се биде ментор на овој тим каков што имам јас. Тим кој остава сѐ повеќе и повеќе историски траги. Она што го правиме денес останува во вечноста“, изјави д-р Јованов.
Тој истакна дека самиот обид и желбата да се успее, е обидување без откажување да се пронајде мал зрак светлина и во најмрачното.
„Тешко е, но многу убаво функционира. Способноста да се гледа на светлата страна на нештата никој во себе не смее да ја занемари. Нашиот внатрешен глас и внатрешната верба се од исклучителна важност при сопственото мотивирање. Клучно е да се пренасочи овој глас, да се зајакне со позитивна енергија, оптимизам и да стане самоуверен, сигурен и јасен. Сè е во ред сè додека преземаме чекори и сакаме да правиме промени. Сакајќи и правејќи промени значи дека не стоиме во место, дека се придвижуваме во одредена насока“, рече д-р Јованов.
(Meta.mk)
(фото: Facebook)