Телескопот James Webb уште еднаш одушеви со фотографии од виолетова галаксија

- Advertisement -

Вселенскиот телескопот James Webb го одушеви целиот свет со првите фотографии од длабоката вселена. Но, тоа не значи дека застана на само неколку фотографии кои НАСА спектакуларно ги претстави минатата недела.

Речиси секојдневно телескопот на Земјата испраќа нови спектакучарни фотографии. И додека научниците со посебно внимание ја разгледуваат секоја фотографија, остатокот од светот може да се одушевува на убавините кои Webb успева да ги улови.

- Advertisement -

Една од неговите спектакуларни фотографии е таа од галаксијата Messier 74, која од Земјата е оддалечена отприлика 32 милиони светлосни години и честопати се споменува како училиштен пример за спирална галаксија. Станува збор за галаксија која е составена од ротирачки диск со послабо видлива група од ѕвезди собрани околу неа.

Се проценува дека околу 60% од галаксиите во вселената, вклучувајќи ја и нашата, спаѓаат во спирални галаксии. Фотографијата која ја објави Габриел Брамер, професор на Универзитетот Копенхаген, навистина одзема здив. Направена е со средно инфрацрвен инструмент (MIRI) и покажува спирални раце од галаксијата во преубава темно виолетова боја.

- Advertisement -

Како што објаснува професорот по астрономија од Универзитетот Нотингем, Мајкл Мерифилд, објавената фотографија е спој од три различни фотографии кои ги испратил Webb, а виолетовата боја која преовладува, всушност, ја означува емисијата на PAH молекули.

Во астрономијата е вообичаено фотографиите во боја да се состојат од три различни експозиции, кои се добиваат со филтри, а во овој случај се фокусирани на 7,7, 10 и 11,3 микрони.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -