Растат цените на недвижностите во регионот и во европските метрополи!

- Advertisement -

Поради неизвесната економска ситуација и војната во Украина, се поголем број луѓе се одлучуваат да инвестираат во недвижнини. За многумина тоа е начин на штедење, па готовината ја претвораат во квадрати. Затоа цените почнаа вртоглаво да растат. Како се движат цените на недвижностите во европските метрополи, а како во регионот, анализира порталот Порта 3.

Според податоците на веб-страницата „Нумбео“, која ги споредува условите за живеење во различни градови во светот, цената на стан во центарот на Белград во просек изнесува 3.117 евра, додека надвор од градот може да се најде за 1.775 евра.

- Advertisement -

Кога ќе се погледнат огласите, цената од 1.775 евра за метар квадратен делува нереална. Во огласите речиси и да нема такви недвижнини. Станови по таа цена веројатно не стигнуваат до огласи или брзо се продаваат или цената е малку корегирана при самата продажба.

Пред четири години за стан од 92 квадрати во новобелградски блок се плаќал 90.000 евра, а сега се продава стан од 45 квадрати во истата зграда и во слична состојба за повеќе од 100.000 евра.

- Advertisement -

Нешто малку повисоки се цените во Загреб. Цената на стан во центарот на градот е 3.524 евра за метар квадратен, додека во другите населби може да се најде за 2.322 евра.

Оние кои би сакале да поминат поевтино би можеле да инвестираат во центарот на Сараево. Квадратен метар во центарот чини 1.871 евро, а на периферијата 1.204 евра во просек. Становите во Подгорица се уште поевтини. Така, квадрат во центарот на градот може да се најде за нешто повеќе од 1.500 евра. А становите на периферијата на Подгорица чинат исто како и оние надвор од центарот на Сараево.

- Advertisement -

Можеби највеќе изненадуваат цените во грчката престолнина. Просечна цена на стан во центарот на Атина е 2.432 евра по квадрат, а нешто малку пониска на периферија – 2.334 евра.

Цените на недвижностите во Берлин и Виена се слични. Стан во центарот на Берлин може да се најде по просечна цена од 8.107. евра за метар квадратен, додека најскапите квадрати одат и до 11.000 евра. Надвор од центарот цените се поповолни, во просек по 5.319 евра за метар квадратен, иако може да се најде и за 4.000 евра.

Најскапите квадрати во центарот на Виена достигнуваат 14.000 евра, а просечно може да се купи за 8.754 евра. На периферијата на градот може да се купи квадрат почнувајќи од 3.500 евра, но полесно е да се најде по просечна цена од 5.782 евра за метар квадратен.

Деталната анализа на porta3.mk

Сподели!
- Advertisement -