Апликацијата AirCare на Горјан Јовановски отсега е достапна низ целиот свет!

- Advertisement -

Тимот кој стои зад AirCare (МојВоздух), најпознатата македонска мобилна апликација за следење на аерозагадувањето, лансира сосема ново, глобално искуство кое има за цел да му помогне на секој во светот да знае што дише!

AirCare беше лансирана во 2014 година во Скопје, еден од најзагадените градови во Европа, од тогаш студентот Горјан Јовановски. Апликацијата, која ги прикажуваше податоците за загадувањето на воздухот од државните мерни станици на едноставен и разбирлив начин за сите граѓани, предизвика покревање на свеста за овој проблем, и протести низ целата земја откако граѓаните дознаа колку е лош квалитетот на воздухот што го дишат. Овој притисок влијаеше на државните институции да почнат со спроведување на поеколошки политики и мерки, а индустријата да започне со ставање филтри на нивните оџаци.

- Advertisement -

Со текот на годините, AirCare се прошири надвор од Македонија, најпрвин во Србија, па низ целиот Балкан, Европа, за денес да стане светски достапна. Зад AirCare стои тим од 5 активисти кои напорно работат за да ги направат лесно достапни податоците околу квалитетот на воздухот за секој во светот, не само во Македонија.

Работа на тимот за подигнување на свеста околу аерозагадувањето е признаена и локално од Претседателот на Македонија, како и глобално од Обединетите нации, добиваќји ја наградата World Summit Awards за највлијателен зелен глобален стартап за 2020 година.

- Advertisement -

Новата глобал верзија на AirCare, денес се пушта во употреба на глобално ниво преку Apple App Store и Google Play Store. Во неа има многу корисни новости како што се:

– Dashboard главен екран – Видете повеќе податоци со помалку кликнувања, сега сè е достапно на првиот екран на AirCare.

- Advertisement -

– Глобална покриеност – AirCare сега користи сателитски, копнени и временски податоци за да пресмета AQI (Индекс за квалитет на воздухот) за која било точка во светот! Колку повеќе копнени станици има, толку оваа бројка станува попрецизна.

– Податоци за полен – 30% од граѓаните во Македонија страдаат од алергии. За да им помогнеме, од денес AirCare има податоци за полен од трева, бреза и амброзија, со кои ќе може секој да си ја испланира неделата минимизирајќи го изложувањето на алергенси.

– УВ индекс – Сите сакаме да се забавуваме на плажа, но не сакаме да изгориме. Новиот додаток на УВ индекс во AirCare дозволува секој корисник на плажа, планина и во град да ја следи јачината на сонцето и да знае како соодветно да се заштити.

Изворите на податоците што ги користи AirCare вклучуваат сателитски податоци на Европската вселенска агенција и НАСА, до мерните станици на државата и универзитетите, до волонтерските мерни станции (како тие на PurpleAir, Pulse.eco и Sensor Community). Сите тие податоци ги користи интелегентниот алгоритам на AirCare за да пресмета загадување насекаде низ светот.

„Светската здравствена организација вели дека 9 од 10 луѓе во светот дишат загаден воздух. Ова е причината зошто работевме напорно со тимот за да ја направиме AirCare достапна насекаде низ светот. Како шампиони на народот, наша должност е да ги заштитиме сите од загадување и да им помогнеме да ја водат борбата за чист воздух!“ – изјави Горјан Јовановски, креаторот на AirCare (МојВоздух).

AirCare е бесплатна за преземање на сите мобилни уреди и таблети преку Apple App Store или Google Play Store.

Сподели!
- Advertisement -