Руските авиокомпании поради санкциите годинава ќе превезат 19 милиони патници помалку

- Advertisement -

Руските авиокомпании годинава ќе превезат 19 милиони патници помалку од минатата година, поради санкциите на Западот по руската инвазија врз Украина и забраните за летови кои Москва ги воведе во јужна Русија.

Тоа е петина од планираниот вкупен број патници, информира рускиот деловен весник Ведомости, повикувајќи се на податоци од локалното Министерство за транспорт.

- Advertisement -

Руската авијација е меѓу најтешко погодените од војната во Украина. Воздушниот простор над Европа и Северна Америка е затворен за Русија, а западните санкции исто така забрануваат купување и одржување на авиони Боинг и Ербас, кои се столбот на руските воздухопловни компании.

Москва одлучи да пререгистрира многу авиони и да го прекине воздушниот сообраќај кон многу земји поради стравот дека авионот може да биде конфискуван. Покрај тоа, руската Влада воведе забрани за летови над југот на земјата од февруари поради воени битки. Вкупно 11 аеродроми не можат да се користат.

- Advertisement -

Последиците за руската авијација се сериозни, особено во летните месеци. Во јуни руските авиокомпании загубија 2,7 милиони патници, а во јули и август се наѕира дефицит од 3,2 и 3,3 милиони патници.

Руската Влада им вети на авиокомпаниите државна помош од 100 милијарди рубљи (1,7 милијарди долари).

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -