ВИДЕО: Свечено отворен Пељешкиот мост во Хрватска

- Advertisement -

Во вторник вечер со свечена церемонија беше отворен Пељешкиот мост кој го поврзува југот на Хрватска со остатокот од земјата. Преминува морски теснец со ширина од 2.140 метри и должина од 2.404 метри, со навигациски профил под мостот од 200 на 55 метри, а главен и одговорен проектант е Марјан Пипенбахер.

Мостот е најголемиот хрватски инфраструктурен проект финансиран од ЕУ со грант од 357 милиони евра (85 отсто од трошоците). На отворањето пхрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави:

- Advertisement -

Ова е историски ден за Хрватска, чувствата на радост, гордост и благодарност се преплавени, реализиравме навистина национален, стратешки, сехрватски и пред се непартиски проект, проект на една генерација, проект на гордост, затоа што ние сме дел од генерацијата што направи толку голем чин на обединување на територијата на Хрватска, јужниот дел на Хрватска, јужниот дел на Дубровничко-неретванската жупанија со остатокот од земјата. Знаевме да го искористиме она за што се залагавме во изминатите 30 години“.

„Го спроведовме според клучниот принцип на Европската унија, принципот на солидарност што им помага на помалку развиените да го достигнат степенот на развој на поразвиените и затоа придонесоа и нашите партнери од ЕУ“, рече Пленковиќ.

Сподели!
- Advertisement -