Новооткриени бактерии може да ги спасат океаните и морињата од загадувањето

- Advertisement -

Тим од истражувачи од Универзитетот Кембриџ детектираа присуство на природни бактерии кои јадат пластика во 29 европски езера. Додека бактериите најчесто се хранат со органски материи како што се делови од растенија или мртви животни, микробите кои јадат пластика растат побрзо и подобро ако јадат остатоци од пластични кеси фрлени во вода.

Загадувањето со пластика е толку голем проблем што сега имаме повеќе пластика во океаните отколку риби. Според некои проценки, повеќе од 1 милиони водни животни секоја година умираат од пластичниот отпад кој плови во водата, а загадувањето со пластика не е ограничено само на океаните. Една нова студија откри дека пластичниот отпад го нарушува квалитетот на слатководните езера, кои се битен извор на вода за пиење.

- Advertisement -

Од тие загадени езера токсичната микропластика стигнува во водата и храната кои ние ги користиме. Човештвото има итна потреба од решение кое ќе ни помогне да се ослободиме од пластиката, а во овие тешки времиња откритието на бактериите кои се хранат со пластика е многу битерн зрак на надеж.

Истражувачите од Кембриџ тврдат дека тие бактерии можат природно да ја елиминираат пластиката од водените површини. Се што треба е да ги ставиме во загадени водени средини.

- Advertisement -

Истражувањето е објавено во весникот Nature Communications.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -