ЕУ усвои нови правила за интернет услуги и борба против нелегални содржини

- Advertisement -

Европскиот парламент на почетокот на јули усвои две нови регулативи од исклучително значење за функционирање на интернетот. Усвоени се Актот за дигитални услуги (Digital Service Act – „DSA“) и Актот за дигитални пазари (Digital Markets Act – „DMA“), а новата законодавна рамка со себе носи бројни обврски кои давателите на дигитални услуги, од хостинг провајдерите до големите дигитални платформи како Googlе и Facebook, мора да ги исполнат во давањето услуги на корисниците во ЕУ.

Иницијалниот предлог на Европската комисија од декември 2000 година после одредени измени и предлози и одобрението од Советот на ЕУ беше усвоен со мнозинство од европратениците кои гласаа за новата регулаторна рамка. Најголем дел сакаат да се стави крај на злоупотребите и на ширењето на нелегални содржини на интернет.

- Advertisement -

Советот на ЕУ на 18 јули го усвои и конечниот текст на DMA, додека конечната верија на DSA ќе биде потврдена во септември.

Актот за дигиталните услуги поставува јасни насоко како онлајн платформите и услугите мора да спречат злоупотреба и ширење на нелегални и штетни содржини. Пропишува обврски и го хармонизира процесот на отстранување нелегални содржини кај дигиталните посредници ако сакаат да избегнат одговорност за нелегална дистрибуција.Исто така, овозможува и забрзано отстранување на содржините кои се пријавени од страна на подносителите на пријавата, односно релевантните пртетставници од индустријата. DSA има и за цел големите платформи да ги држи одговорни и прошишува нови правила и барања за известување за отстранување.

- Advertisement -

Актот за дигитални пазари носи и нови правила и обврски за големите онлајн платформи кои делуваат како чувари на врата (Gatekeepers – платформи чија доминантна онлајн позиција го отежнува избегнувањето од страна на потрошувачите) на дигиталниот пазар. Доминантните платформи засегнати од DMA, меѓу другото, нема да можат своите сопствени услуги или производи да ги рангираат како поповолни. Ќе мора да им овозможат на корисниците да деинсталираат кој било однапред инсталиран софтвер или апликација , да се откажат од претплата, како и да им овозможат да користат апликации и продавници за апликации од трети страни.

(N1)

Сподели!
- Advertisement -