Кога ќе се случи шестото масовно изумирање на Земјата?

- Advertisement -

Резултатите од студија спроведена на Универзитетот Тохоко во Јапонија тврдат дека шестото масовно изумирање на Земјата, ословено со порастот на површинските температури од 9 степени Целзиусови, нема да се случи барем до 2500 година, и тоа во најлошото сценарио.

Научникот за клима на Универзитетот Тохоко во Јапонија, Кунио Каихо, ги проверил бројките и не мисли дека следното масовно изумирање ќе биде од исто размери како претходните пет, барем не во наредните пет столетија.

- Advertisement -

Во повеќе наврати во изминатите 540 милиони години Земјата има изгубено најголем дел од своите животински и растителни видови во релатив но краток геолошки временски распон. Тие се познати како настани на масовно изумирање и често ги следат климатските промени, било да е тоа екстремно загревање или екстремно ладење на Земјата, поттикнато од астероиди или вулкански активности.

Кога Каихо се обидел да ја квантифицира стабилноста на просечната површинска температура на Земјата и биолошката разноликост на планетата, открил главно линеарни промени. Колку е поголема променатра на температурата, толку е поголем опсегот на изумирање.

- Advertisement -

Во случај на глобално ладење на Земјата, најголемото масовно изумирање се случило кога температурите паднале за околу 7 степени Целзиусови. Но, во случај на глобално затоплување, Каихо открил дека најголемото масовно изумирање се случило при загревање од отприлика 9 степени Целзиусови.

Тоа е многу повеќе од претходните проценки, кои сугерираат дека температура од 5,2 степени Целзиусови би резултирала со големо масовно изумирање на морињата, кое би било на ниво на претходните пет.

- Advertisement -

До крајот на ова столетите глобалното затоплување е на пат да ја зголеми површинската температура за дури 4,4 степени Целзиусови.

„Глобално затоплување од околу 9 степени Целзиусови нема да се случи барем до 2500 години, според најлошото сценарио“ вели Каихо.

Каихо не одрекува дека многу изумирања на копно и на море веќе се случуваат поради климатските промени, но тој само не очекува исти размер на загуби како претходно. Сепак, не е само степенот на климатските промени она што ги доведува живите видови во опасност. Брзината со којашто се случува тоа е од витално значење.

Најголемото масовно изумирање на Земјата убило 95% од познатите видови во тоа време и се случило пред околу 250 милиони години. Но, денешното загревање се случува во многу пократок период како резултат на човечката емисија на гасови од фосилните горива.

Можеби повеќе видови ќе изумрат во шестото изумирање на Земјата, не затоа што најголем дел од загревањето е толку големо, туку затоа што промените се случиле толку брзо што многу видови не можеле да се прилагодат.

(Klix.ba)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -