Samsung додаде нова опција која ги штити личните податоци на телефон кога е на поправка

- Advertisement -

Во минатото забележани се случаи кога сервисерите од телефон презеле фотографии и подоцна тие завршиле на интернет. Со оглед на тоа какви содржини чуваат луѓето на телефон, јасно е дека на многумина тоа не им е сеедно.

Samsung најде одлично решение за тој проблем, односно како да се спречи сервиерите да дојдат до фотографиите и другите приватни содржини од мобилните уреди. Решението за тој проблем се вика „repair mode”. Станува збор за посебен начин на работа кој треба да се активира кога телефонот се носи на поправка, а кој гарантира заштита на приватните податоци.

- Advertisement -

Корисниците треба да изберат кои податоци сакаат да ги заштитат со таа опција – фотографии, пораки, пристап до социјални мрежи и сл. Кога ќе се активира оваа опција, телефонот повторно ќе се стартува, но пристапот до најголем дел од содржините на него нема да биде досволен, па сервисерите ќе имаат пристап само до системските опции, а не и корисничките податоци.

За деактивација на опцијата потребно е повторно да се стартува телефонот и при стартувањето да се внесе ПИН или да се отклучи со биометриски податоци. На почетокот оваа опција ќе биде достапна за корисниците на телефони од серијата Galaxy S21 (изгледа само во Јужна Кореја), а дополнително ќе биде достапна и за сопствениците на други телефони на Samsung.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Samsung)

Сподели!
- Advertisement -