Македонски Телеком оствари позитивни резултати во првата половина на 2022 година

- Advertisement -

Според резултатите од работењето на компанијата во првата половина од 2022 година, Македонски Телеком и понатаму продолжува со раст и позитивни резултати и ја потврдува лидерска позиција на пазарот во повеќето сегменти. Приходите од продажбата се зголемени за 8,9 отсто во споредба со претходната година и изнесуваат 5,9 милијарди денари. Oперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 1,3 отсто во споредба со истиот период од претходната година.  Сепак, ефектите од глобалните економски трендови и зголемувањето на цената на електричната енергија влијаеше врз EBITDA маргината, која во првите шест месеци од 2022 година е намалена и изнесува 39,6% во споредба со 42,7% на крајот од истиот период од претходната година.  

Број 1 на ТВ пазарот

Македонски Телеком го задржува водството на пазарот на ТВ услуги со удел од 34,1 %. Квалитетот и уникатното искуство и атрактивната понуда на содржини на MaxTV придонесе за зголемување на бројот на корисници на 147 илјади, односно, за 1,7 отсто во споредба со истиот период од претходната година. 

- Advertisement -


Раст во сегментите: интернет и мобилни услуги

Трендот на раст продолжува и кај мобилните и интернет услуги. Бројот на корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 3,3 проценти и изнесува 200,6 илјади, а за 3,1 отсто зголемени се интернет пристапите.  
Во мобилните комуникации, компанијата има удел на пазарот од 48,4%, а базата на корисници е зголемена за 12,2 отсто. И во фиксната телефонија остануваме на лидерска позиција со удел од 62,2%, односно, 225 илјади корисници. 

Голем скок во ИКТ сегментот
 
Во првата половина од 2022 година, забрзано расте и користењето на ИКТ и Cloud решенија и услуги, што доведе до зголемување на приходите од системска интеграција и ИТ услуги за дури 163,1 отсто во споредба со истиот период од минатата година. Позитивниот тренд во ИКТ сегментот се должи на зголемените приходи од ИКТ проекти, како што е проектот паметен град. 

- Advertisement -

Ширење и развој на 5G и оптичката мрежа

Во првата половина на 2022, Македонски Телеком ја пушти во функција првата и најголема 5G комерцијална мрежа во Македонија, која е достапна во повеќе од 16 градови, а во поголемите градови подготвена да обезбеди гигабитни брзини. Компанијата и понатаму интензивно работи на терен, а до крајот на годината, вкупно 26 градови и нивните околини целосно ќе бидат 5G покриени.

- Advertisement -

Паралелно со мобилната расте и се развива оптичката мрежа. На крајот на првата половина на 2022 година, овозможени се повеќе од 260 илјади пристапи до оптика што е за 12% повеќе споредено со истиот период од претходната година.

Остануваме посветени на развој на најдобрата мрежа и креирање иновативни услуги и решенија за најдобро корисничко искуство.

Сподели!
- Advertisement -