Нови цени на горивата

- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 1,96 % во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 15.06.2020 година.

Одлуката следува како резултат на зголемување на референтните цени на сите нафтените деривати на светскиот пазар во  изминатиот седумдневен период  и тоа кај бензинот во просек за 5,531%, кај дизелот зголемувањето е во просек за 5,256%, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 5,965%  и кај мазутот зголемување e во просек за 2,735% .

- Advertisement -

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,412 %.

Од вечерва на полноќ малопродажнитецени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денар/литар  и со тоа малопродажните цени ќе бидат следните:  ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 60,50 ден/лит,  ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 62,50 ден/лит, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 52,00 ден/лит, додека малопродажната цена  на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од вечерва на полноќ ќе изнесува 41,00 ден/лит.

- Advertisement -

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,510 ден/кг и ќе изнесува 25,396 ден/кг.

Од 23.06.2020 година максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

- Advertisement -

Моторен бензин                       ЕУРОСУПЕР БС – 95                            60,50 (денари/литар)

Моторен бензин                      ЕУРОСУПЕР БС -98                             62,50 (денари/литар)

Дизел гориво                           ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                       52,00 (денари/литар)

Масло за горење                      Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)               41,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                                                                      25,396 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 23.06.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Малопродажните цени на  ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Македонија и неколку  земји од ЕУ (https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en од 15.06.2020), се дадени во следната табела:

Табела 1. Малопродажни цени на Еуродизел и Еуросупер БС-95

  Еуродизел (ЕУР) ЕУРОСУПЕР БС – 95 (ЕУР)
Северна Македонија 0,843 0,980
Австрија 0,999 1,021
Бугарија 0,898 0,872
Хрватска 1,090 1,136
Германија 1,075 1,249
Грција 1,114 1,364
Италија 1,260 1,371
Унгарија 1,018 0,984
Словенија 0,997 1,001
Сподели!
- Advertisement -