Тригодишни сијамски близнаци од Бразил, чии мозоци биле споени, успешно се раздвоени после 33 часа операција. Бернардо и Артур Лима од Рио де Жанеиро биле оперирани според насоките на болницата Great Ormond Street од Лондон. Тимовите кои ги оперирале со месеци ја вежбале техниката со помош на виртуелна реалност, а на основа на магнетна резонанца.
Близнаците имале седум операции, од кои 27 часа траела само завршната операција. Во тоа учествувале речиси 100 медицински работници. Како што објави добротворната организација Gemini Untwined, која ја финансирала операцијата, ова бил еден од најсложените процеси кога било извршени во медицината.
Водителот на операцијата и директор на организацијата, педијатрискиот хирург Ноор ул Овасе Јелани, вели дека по прв пат хирурзи во различни земји носеле слушалки и заедно оперирале во иста соба на виртуелна реалност. Јелани ја опишува операцијата како огромно достигнување и како производ од вселенската доба.
„Успешното раздвојување на Бернард и Артур е извонредно достигнување на тимот во Рио де Жанеиро. Не само што им дадовме нова иднина на децата и на нивното семејство, туку го охрабривме локалниот тим со своите способности и самодоверба успешно да продолжи со такви сложени операции и во иднина“ вели Јелани.
Близнаците добро закрепнуваат во болницата каде што се наоѓаат на шестмесечна рехабилитација. Ова е шеста процедура за раздвојување на близнаци за Јелани со организацијата Gemini Untwined, откако претходно оперирал близнаци од Пакистан, Судан, Израел и од Турција.
(Klix.ba)
(фото: Flickr)