Ова се трите продукти кои Украина најмногу ги извезува во светот

- Advertisement -

Украина е еден од најголемите извозници во светот. Земјоделските производи минатата година сочинувале 41% од вкупниот украински извоз. Што најмногу продава оваа држава и кому?

Според податоците на Опсерваторијата за економски сложености, најголемиот извозник на сончогледово масло во светот. Индија и Европа се најголеми купувачи на масло – годишно плаќаат по 1,9 милијарди долари. Агресиите на Русија врз Украина предизвика глобално поскапување на маслото. Цените кратко после почетокот на војната пораснаа за 62%.

- Advertisement -

Житото е вториот производ кој Украина најмногу го извезува. Податоците на американското Министерство за земјоделство покажуваат дека минатата година земјата извезла 44,9 милиони тони жито. Многу земји во развој зависат од украинското жито, а меѓу нив е и Либан, кој 81% од житото го увезуваод Украина. Тунис, Либија и Пакистан половина од житото го увезуваат од Украина, која обезбедува и 40% од житото од Светската програма за храна.

Украина е третиот најголем извозник на маслодајна репка во светот. Ова масло во САД се користи за готвење. Минатата година извезла 3 милиони тони од овој производ, кои биле вредни 1,7 милијарди долари. Тоа е 1/5 од вкупната количина на маслодајна репка во светот, објавија од Светскиот економски форум.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -