Автомобил кој додека вози чисти повеќе СО2 од воздухот отколку што испушта

- Advertisement -

Студенти од Техничкиот Универзитет во Ајндховен веруваат дека го направиле наодржливиот автомобил во светот. Студентскиот тим развил одржлив електричен автомобил кој чисти повеќе CO2 отколку што испушта. Станува збор за прототипот Zem, кој го прочистува воздухот со посебен филтер. Со складирање на заловениот CO2, Zem може да придонесе за намалување на глобалното затоплување. Студентите ќе продолжат да го подобруваат возилото во текот на наредните години со цел тоа да стане целосно карбонски неутрално во текот на целиот животен циклус. Крајната цел им е на крајот тој автомобил да се најде и по патиштата во светот.

Сообраќајниот сектор е голем загадувач и пред неколку години беше виновен за 1/4 од вкупната емисија на јаглерод во ЕУ. Приватните автомобили се виновни за над 60% од таа емисија. За да се намали емисијата 35 студенти го дизајнирале, го развиле и го изработиле автомобилот Zem.

- Advertisement -

Автомобилот може да исчисти 2 кг CO2 преку посебен филтер на поминати 32.000 км годишно. Тоа значи дека 10 такви автомобили можат да складираат исто СО2 колку и едно просечно стебло дрво. Тоа можеби не изгледа многу, но вкупната добивка е значајна ако наскоро се имплементира во голема мера во секој приватен автомобил, тврди тимот.

Филтерот на автомобилот низ кој струи надворешниот воздух е уникатен, а студентите се во процес на пријавување на патент за оваа иновација, па затоа уште немаат објавено детали за него.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

Сподели!
- Advertisement -