Телескопот James Webb даде неверојатна слика од галаксијата Cartwheel

- Advertisement -

Американската вселенска агенција НАСА објави ретка и извонредна фотографија од галаксија оддалечена 500 милиони светлосни години. Станува збор за галаксијата Cartwheel, чии прстени се појавуваат исклучително јасно благодарение на новиот вселенски телескоп James Webb.

Како и за нашиот Млечен пат, астрономите мислат дека галаксијата Cartwheel во минатотот била спирална галаксија, но дека некој спектакуларен настан, како, на пример, судир со друга помала галаксија, и дал форма. Тогаш се формирале два прстени од центарот на колизијата слични на концентрични кругови кои се прават кога ќе фрлите каменчиња во вода. Поради таквиот изглед го добила и името.

- Advertisement -

Првиот прстен, кој е повеќе во центарот, многу светел, а другите надворешните се во експанзија 440 милиони години. Во текот на својата експанзија прстенот го пробива околниот гас и предизвикува формирање на ѕвезди.

Таа галаксија веќе е видена преку вселенскиот телескоп Hubble, но инфрацрвените капацитети на James Webb откриваат нови, досега сокриени детали и овозможуваат да се видат преку голема количина прашина.

- Advertisement -

Композитната фотографија настанала со набљудување со два научни инструменти на телескопот и прикажува и два помали галаксии, како и многу други во подадина.

Телескопот James Webb e инженерски бисер вреден 10 милијарди долари, а беше лансиран во вселената пред околу седум месеци и сега се наоѓа на 1,5 милиони километри од Земјата.

- Advertisement -

(N1)

(фото: NASA)

Сподели!
- Advertisement -