Првиот децентрализиран физички музеј ќе биде управуван и куриран од публиката

- Advertisement -

Нова организација по име Arkive сака да ги „ослободи“ историските артефакти и уметнички дела од рацете на приватните колекционери и да ги врати на јавноста.

Arkive ќе работи како прв децентрализиран музеј, без единствена физичка локација, при што ќе им ги позајмува сите свои предмети на музеите низ целиот свет со цел да им обезбеди пристап на посетителите независно од границите.

- Advertisement -

Експонатите ќе бидат избрани врз основа на гласови. Откако ќе се регистрираат со Arkive, членовите ќе можат да одлучуваат кој предмет следно треба да го откупи/обезбеди организацијата. Првите членови на Arkive вклучуваат куратори, трговци со уметнички дела и колекционери.

Откупените/обезбедни предмети ќе бидат трансформирани во уникатни незаменливи токени (NFT), кои ќе ја гарантираат сопственоста и автентичноста на предметот. Блокчејн технологијата им дава на членовите можност да поседуваат дело од различните музеалии.

- Advertisement -

Како децентрализирана автономна организација, Arkive неодамна обезбедила 9,7 милиони американски долари преку инвестиции.

Првиот предмет кој се најде во сопственост на организацијата е патентот за првиот компјутер ENIAC, додека втора аквизиција била сликата “Seduction” од 1985 на американската уметничка Лин Хершман Лисон.

- Advertisement -

Двете дела ќе бидат дел од патувачка изложба, пред да се најдат во соодветни музеи на подолга позајмица.

Извор – Маркетинг 365

Сподели!
- Advertisement -