Минималните трошоци на едно семејство за јули изнесуваат 47.042 денари

- Advertisement -

Сојузот на синдикати пресмета дека минималната синдикална кошница за јули изнесува над 47 илјади денари. Според ова, на едно четиричлено семејство со две минимални плати, само за да го помине месецот му недостигаат 11 илјади денари. Првиот синдикалец Дарко Димовски вели дека состојбата е веќе алармантна и бара надлежните итно да интервенираат.

„Алармот е вклучен, владата да мисли на нас работниците и граѓаните.. 1 илјада денара во моментов вредат 800. Кога ќе влеземе во маркет и ќе видиме дека илјадарката е намалана, значи ова е сериозен проблем и да не чека нови методолгоии Владата и „ЌЕ“ помогнеме на најниските категории граѓани, туку веднаш да интервенира, ние веќе немаме начин како да го поминеме месецот.“ изјави Дарко Димовски, претседател на ССМ.

- Advertisement -

Оттаму бараат итни усогласувања на платите за амортизирање на инфлаторниот удар, а тоа значи Владата да ги усогласи платите за 18,4 проценти до септември согласно Законот, а во спротивно, како што наведуваат, како што ги казнува Владата работниците, така работниците ќе ја казнат Владата, укажуваат од ССМ.

Државниот завод за статистика вчера излезе со податоци, кои велат дека инфлацијата во месец јули била 16 проценти. Ова е речиси двојно повеќе од проекцијата на НБРМ направена во месец април, со која се превидуваше дека 2022 година инфлацијата ќе биде 8,8 проценти.

- Advertisement -

И покрај владините мерки за ублажување на ценовниот шок, цените на основните прехранбени производи продолжуваат вртоглаво да растат. Најмногу поскапела храната, превозот, домувањето.

Дополнителни мерки, надлежните најавија само за најраниливите категории граѓани и фирми, но новиот антикризен пакет ќе се објави дури следниот месец.

Сподели!
- Advertisement -