Научниците велат дека луѓето можат да дишат преку анусот

- Advertisement -

Ако често ви се затнува носот и потешко дишете, не се грижете зашто наскоро можеби ќе имате друга опција за олеснето дишење. Имено, научници тврдат дека како и свињите, и луѓето можат да дишат преку анусот,односно ректумот

Тим од истражувачи од Јапонија направи истражување за повеќе третмани кај луѓе со отежнато дишење и открија дека свињите можат да примаат кислород преку анусот.

- Advertisement -

Научниците откриле дека свињите можат да преживеат и ако имаат проблеми со белите дробови така што кислородот и оксидира и течности ќе се испумпуваат преку ректумот до цревата.

“Тоа е импресивно затоа што никогаш не помислуваме дека можеме да дишеме и преку цревата, но тоа е возможно” тврди Таканоре Такебе, автор на студијата и доктор на Универзитетот за медицина и стоматологија во Токио.

- Advertisement -

Минатата година Такебе и неговите колеги од Универзитетот Нагоја и од Одделот за респираторна хирургија на Универзитетот Кјодо ја објавиле својата студија за тоа како гледачите и свињите имаат некои заеднички способности со некои водни животни кои ги користат цревата за дишење. Тие во текот на овој месец ќе го поднесат своето истражување за свињите.

Иако тоа можеби звучи непријатно, или за некои можеби интересно, истражувањето покажало дека тоа е возможно и кај луѓето затоа што свињите имаат најслична физиологија и генетика со луѓето.

- Advertisement -

Во текот на истражувањето биле користени риби кои кога нема доволно кислород на клеточно ниво, го менуваат дигестивниот систем за а дишат. Такебе тестирал глувци за да провери дали цицачите исто така можат да дишат преку анусот. Вели дека секогаш бил скептичен во однос на резултатите,но се покажало дека секогаш кога ќе правеле тестирања, добивале исти резултати.

Неговата студија открила дека глувците кои подлегнале на нивниот третман живееле подолго од другите. Експериментите покажале дека цицачите можат да живеат подолго во средини со малку кислород ако им се дава оксидира гас или оксидирана течност преку ректумот.

Такебе цели дека ова истражување е многу битно затоа што можеби ќе се открие нов начин на третирање пациенти кај кои не функционираат белите дробови.

(Interesting Engineering)

(фото: Open Clip Art)

Сподели!
- Advertisement -