Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, продаде акции од својата компанија во вредност од околу 6,88 милијарди долари. Продажбата е направена после годишниот состанок на акционерите на компанијата.
Маск вели дека му се потребни пари во случај да биде приморан да го купи Twitter за 44 милијарди долари. Мултимилијардерот моментално води правна битка со социјалната мрежа откако минатиот месец рече дека ќе се откаже од купување.
Последните трансакции се направени на 5, 8 и 9 август, покажуваат документите поднесени до Комисијата за хартии од вредност.
Откако беше објавена во јавноста веста за продажбата на акциите, Маск “твитна” дека завршил со продажбата на акции од компанијата.
На прашањето дали повторно би ги купил акциите на Tesla ако не го преземе Twitter, тој одговори со да. Во јули тој откри дека од април до јуни потрошил 33 милиони долари. Исто така, соопштија дека бројот на месечни дневни корисници пораснал на 237 милиони луѓе,после загубата на 270 милиони долари.
(Zimo)