Adidas дизајнира слушалки кои се полнат на соларна енергија

- Advertisement -

Популарниот бренд за спортска мода и опрема, Adidas, деновиве привлекува големо внимание и предизвикува воодушевување со најновиот дизајн на продукт со кој ги поврзува световите на спортот и технологијата на уникатен и еколошки начин.

Новите безжични слушалки на брендот, наречени RPT-02 SOL, се полнат со енергија преку природна сончева светлина, но и преку вештачка светлина. Станува збор за колаборација помеѓу Adidas и брендот за звучници Zound Industries.

- Advertisement -

Фото: adidasheadphones.com

– Делумно изградени од рециклирана пластика и напојувани од светлина, Adidas RPT-02 SOL се спортски слушалки што се дизајнирани да се полнат самите и да ги издржат секојдневните предизвици на активниот начин на живот. – велат од Adidas.

- Advertisement -

Дизајнот на слушалките вклучува ткаенина од соларни ќелии наречена Powerfoyle, која ја трансформира сончевата светлина и вештачката светлина во електрична енергија. За разлика од многу други фотоволтаични материјали на пазарот, кои собираат енергија само од директна сончева светлина, Powerfoyle може да собира енергија и за време на облачните денови од невидливите УВ зраци кои минуваат низ облаците.

Adidas открива дека слушалките можат да се користат активно и до 80 часа по целосно полнење.

- Advertisement -

– Колку ќе се полни единицата е директно еквивалентна на количината на светлина на која е изложена. – вели менаџерот за производи на Zound Industries, Андерс Олсон. – Целата поента е во тоа што единицата се полни цело време по малку доколку има некаков вид на светлина, дури и кога не е вклучена или користена. – додава тој.

Дизајниран од шведскиот производител на соларна технологија Exeger, Powerfoyle се состои од куп фотоволтаични листови со дебелина од 100 атоми кои се испечатени на пластичен лист. Powerfoyle е моделиран на начинот на кој растенијата ја трансформираат светлосната енергија во хемиска енергија за време на фотосинтезата. Кога нанослоевите на материјалот се изложени на светлина, тие генерираат електрична енергија што ги напојува слушалките.

Целиот текст на fashionel.mk

Фото- adidasphones.com

Сподели!
- Advertisement -