„Drive in cinema” во Охрид на 20 и 21 август

- Advertisement -

Во организација на „Културолошка иницијатива 5 до 12“, како последни два настани од четвртото издание на алтернативното културно-забавно лето, на 20 и 21 август во Охрид ќе се одржат филмски проекции во кино за автомобили „Drive in cinema“.

За на 20 август е најавена проекцијата на „Мирно лето“ – првата македонска комедија во режија на Димитрие Османли, додека за на 21 август е најавена проекција на „Тетовирање“ во режија на Столе Попов.

- Advertisement -

Организаторите посочуваат дека влезот за филмските проекции ќе биде отворен од 19 часот и 30 минути, додека филмовите ќе започнат во 21 часот, а по почетокот на проекциите нема да биде дозволен влез.

Авторските права за филмовите се обезбедени од Кинотека на Македонија, а билетите за филмските проекции се достапни во кафулето „Шила“, по цела од 500 денари од автомобил.

Сподели!
- Advertisement -