Римац го претстави новиот Bugatti Rimac, вреден 5 милиони евра!

- Advertisement -

Мате Римац, основач на „Rimac Automobili“ и главен извршен директор на „Bugatti Rimac“, утринава го претстави првиот нов автомобил кој го дизајнирал „Bugatti Rimac“ под негово раководство.

Станува збор за моделот „Bugatti W16 Mistral“, а како што пишува на Фејсбук страницата на „Bugatti“, името го добил по ветерот кој дува на југот на Франција.

- Advertisement -

„Дами и господа, „Bugatti W16 Mistral“. Првиот нов „Bugatti“ дизајниран и развиен под водство на „Bugatti Rimac“. Овој модел ќе биде последен од ваков вид пред да прејдеме на следната генерација на хибридни „Bugatti“ автомобили. Ќе бидат произведени 99 единици по цена од 5 милиони евра.

Во изминатите недели го покажавме автомобилот само на постоечките сопственици на „Bugatti“ и толку многу им се допадна автомобилот што веќе е целосно распродаден. Производните капацитети се пополнети до крајот на 2025 година. Честитки до целиот тим за ова неверојатно достигнување“, објави Римац.

Сподели!
- Advertisement -