Шведска ќе озакони т.н. олеснето плаќање на зимската струја

- Advertisement -

Шведската влада ќе донесе закон кој ќе ги примора операторите со јавните мрежи за пренос на електрична енергија во земјата да помогнат во ублажувањето на очекуваните високи сметки за струја зимава за шведските домаќинства и за компаниите.

Премиерката Мадгалена Андерсона, чија малцинска влада од социјал-демократи очекува парламентарни избори во септември, вели дека овој предлог на владата ќе чини најмалку 30 милијарди круни (околу 3 милијарди евра).

- Advertisement -

Таа вели дека јавните компании задолжени за обезбедување на шведскиот систем за пренос на електрична енергија ќе добијат средства од 60 милијарди круни (околу 6 милијарди евра).

„И сопствениците на куќи и на компании се плашат кога ќе помислат на сметките за струја за зимава. Оваа мерка е неопходна со оглед на високите трошоци за енергија поради руската инвазија врз Украина. Ние нема да му дозволиме на рускиот претседател Владимир Путин да ги држи шведските домаќинства и шведската индустрија како заложници“ рече Андерсон.

- Advertisement -

„Кога станува збор за енергетскиот сектор, имаме нешто што многу наликува на воена економија“ додаде таа.

(Beta)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -