Јапонската компанија Kubota Pharmaceutical развива интересни очила кои може да помогнат во лекувањето на кратковидноста без потреба за операција. Во студијата објавена во списанието Nature научниците кои го правеле истражувањето за Kubota Pharmaceutical ги користеле нивните Kubota Glass очила како неинвазивна алтернатива за операцијата на очи за лекување кратковидност.
Очилата функционираат така што ја стимулираат мрежницата со светлина и потоа го заматуваат погледот во близина, што го тера тој што ги носи да гледа далеку. Тоа го намалува притисокот врз очното јаболко, кое поради намачениот прититсок полека се враќа во оригиналната тркалезна форма, што влијае на самиот вид.
Во текот на истражувањето се покажало дека со очилата Kubota Glass се намалува развојот на миопијата со стимулирање на мрежницата, а истовремено се задржува централниот вид и не влијае на дневните активности на корисниците на очилата.
Со оглед на тоа дека меѓу светската популација се повеќе луѓе патат од кратковидност, а според некои проценки, до 2050 година 1/2 од светската популација ќе има некаков облик на кратковидност, ваквите неинвазивни алтернативи за подобрување на видод изгледаат многу подобри и поевтини од, на пример, ласерските операции.
(Zimo)
(фото: Flickr)