Кина ќе прави вештачки дожд со употреба на хемикалии

- Advertisement -

Кинескиот министер за земјоделство, Танг Ренџиан, најави дека властите ќе се обидат да ја заштитат жетвата на житарки од рекордните суши со употреба на хемикалии кои создаваат облаци и дожд. Ренџиан истакна дека наредните десетина дена се клучен период за отпор од евентуална штета врз посевите со ориз на југот на Кина.

„Властите ќе преземат вонредни мерки за да се осигура есенската жетва на житарки. Ќе се обидеме да ги зголемиме дождовите со создавање облаци со помош на хемикалии и ќе ги прскаме посевите со агенси кои ја задржуваат водата за да се ограничи испарувањето“ пренесува кинескиот дневник Global Times.

- Advertisement -

Кина ја зафатија најтоплото и најсушно лето од почетокот на регистрирањето податоци пред 61 година. Фабриките во провинцијата Сичуан беа затворени минатата седмица поради зачувување на енергијата за домаќинствата бидејќи се повеќе се зголемува употребата на системи за ладење затоа што температурите на воздухот надминаа 45 степени Целзиусови.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -