До крајот на годината, Босна и Херцеговина заедно со партнерите од регионот треба да го лансираат првиот сателит во вселената. Звучи нереално, но благодарение на основањето на Вселенската асоцијација на Југоисточна Европа, чиј дел стана и БиХ, се поизвесно е дека тоа ќе се случи, пренесува Данас.
Асоцијацијата ја сочинуваат и Комитетот за развој на вселенската програма од Нови Сад, „Montenegro space Research“ од Подгорица, „Adriatic Aerospace Association“ од Загреб и Центарот за иновации и технолошки развој „НАВИА“ од Скопје.
„Ако трошоците се поделат на нас 5, да речеме Црна Гора се занимава со развој на ракети, Хрватска со комуникација, Србија со гориво, мислам дека ова е идеална шанса и многу ми е драго што се обединивме и може да биде сериозна приказна од сето ова“, изјави Никола Перковиќ од Црна Гора.
Целта е до крајот на годината да се лансира заеднички сателит, кој Индија ќе ѝ го поклони на асоцијацијата, во чест на нејзината 75-годишнина од независноста.
Извор – Радио МОФ