Првата глобалната ЦЕФЕ Конференција за претприемништво започнува денеска во Скопје. На дводневната конференција, се слават 25 години од постоењето на ЦЕФЕ методологијата за креирање на претприемачи во Северна Македонија и Балканот.
Како што информираат организаторите, на настанот ќе присуствуваат голем број меѓународни говорници од Венецуела, Филипини, Турција, Германија и Словенија како и говорници од земјава, кои по првпат ќе зборуваат на тема како претприемништвото се учи и кај децата, социјалното претприемништво, како и за можностите кои ги нуди Еразмус+ програмата во Северна Македонија, а кои овозможуваат соработка со луѓето од целиот свет.
Поздравни обраќања на настанот ќе имаат претседателот на ЦЕФЕ Македонија, Јован Сталевски, Зоран Витанов – ко-основач на ЦЕФЕ Македонија и Марлинде Баренз – директор на CEFE International.