Оваа билка ќе биде првата посадена на Марс

- Advertisement -

Откако човештвото ќе успее да ги совлада сите предизвици поврзани сo одењето на Марс, ќе мора да смисли начини за животот таму да биде одржлив. Успешното одгледување на посеви ќе биде дел од тие идни чекори.

Почвата на Црвената планета, во теорија, може да поддржува одгледување посеви, што е подддржано и од експериментите на НАСА. но одгледувањето билки на Марс нема да биде едноставно. Не само што песокот и прашината таму не содржат органски материи и корисни микроби, туку се полни и со соли и минерали поради кои најголем дел од билките ќе се борат само за да преживеат.

- Advertisement -

Нова научна студија сега предлага одгледување на билката луцерка на Марс. Истражувачите утврдиле дека таа билка може да преживее во тврдото вулканско тло како тоа на Марс и дека може потоа да се користи како ѓубриво за одгледување на храна како репка, ротквици и салати.

Ниската содржина на хранливи материи во почвата на Марс значи дека почвата е неповолна за директно одгледување на посеви. Затоа битно е да се развие стратегија за зголемување на содржината на хранливи материи во тлото на Црвената планета и за десалинизација на водата за долгорочни мисии, велат истражувачите во новообјавениот труд.

- Advertisement -

Претходните истражувања покажаа дека билките ќе водат вистинска борба за опстанок на површината на Марс без додавање дополнителни хранливи материи. Луцерката игра клучна улога во тоа.

Научниците утврдиле дека луцерката може да расте исто здраво како и на Земјата без додавање на ѓубриво. Симулираниот марсовски реголит потоа е тестиран со луцерн како ѓубриво. Репката, ротквиците и салатите, трите билки на кои им треба мало одржување, после додавањето на луцерката како ѓубриво во марсовскиот реголит успешно растеле.

- Advertisement -

Сепак, за нивно одгледување е потребна и свежа вода. Според истражувањата кои ги направиле, тимот научници смета дека солената вода која е достапна на Марс може да се третира со некој вид на морски бактерии, а потоа да се филтрира низ вулкански камења за да се направи свежа вода.

Одгледувањето на луцерка на Марс, која потоа би се користела како ѓубриво, сигурно би чинело помалку отколку да се превезуваат големи фрижидери со храна на стотици милиони километри до Црвената планета.

(Science Alert)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -