Откриена врската помеѓу срцевиот удар и загадувањето на воздухот

- Advertisement -

Германски научници пронајдоа значајна врска помеѓу загадувањето на воздухот и големиот ризик од акутен срцев удар кај непушачите, а своето истражување го претставија на Конгресот на европски кардиолошки друштва (ESC 2022). Истражувањето ја поддржува причинско-последичната врска меѓу загадувањето на воздухот и срцевите удар затоа што кај пушачите, кои веќе вдишуваат чад, не влијае загадениот воздух.

Корелацијата помеѓу загадувањето на воздухот и срцевите удари во нашата студија не беше присутна кај пушачите. Тоа може да значи дека лошиот воздух може да предизвика срцев удар затоа што пушачите, кои постојано дишат чад, изгледа се помалку погодени од дополнителните надворешни загадувачи, вели д-р Инса де Бурстокбургер од Регистарот на миокардни инфаркти Бранденбург во Берлин.

- Advertisement -

Оваа студија ја истражувала поврзаноста меѓу азотните оксиди, честичките со дијаметар од 10 µm (PM10) и временските услови со инциденцијата на инфаркти во Берлин. Азотниот оксид настанува со согорување на високи температури, посебно кај дизел возилата. Согорувањето исто така е извор на PM10 честички, заедно со абразијата на кочниците и гумите и прашината.

Студијата вклучија 17.873 пациенти со инфаркт на миокард од 2008 до 2014 година. Дневните бројки на инфаркт на миокард се идзвоени од базата на податоци B2HIR заедно со основните карактеристики на пациентите, како што се полот, возраста, статусот пушач/непушач и дијабетесот. Дневните концентрации на PM10 честички и азотниот оксид во целиот град се добиени од Сенатот на Берлин.

- Advertisement -

Германските научници ја анализирале поврзаноста помеѓу зачестениот инфаркт на миокард и просечната концентрација на загадувачи истиот ден, претходниот ден и просекот од претходните три дена кај сите пациенти и според основните карактеристики.

Исто така, била анализирани и поврзаноста меѓу инциденцијата на акутен инфаркт на миокард и временските параметри. Инфарктот бил почеста појава во деновите со висока концентрација на азотен оксид, со инциденција поголема за 1% на секои 10 µg/m3. Исто така, инфарктот бил почест која имало поголема концентрација на PM10 во текот на претходните три дена, со 4% поголема честота за секои 10 µg/m3 зголемување. Што се однесува на времето, честотата на инфарктот на миокард била поголема кога имало повисока максимална температура, со 6% поголема инциденција за секои 10 степени пораст на тампературата.

- Advertisement -

(EurekAlert)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -