Најбогатиот човек во светот, Илон Маск, кој самиот е татко на десет деца, им порача на луѓето да прават повеќе бебиња, но и да експлоатираат повеќе нафта и природен гас.
„Верувајте ми, кризата за бебиња е голема работа“ изјави бизнисменот пред новинари во Ставангер на југозападниот дел на Норвешка, каде што требаше да присуствува на енергетска конференција.
На прашањето кои се најголемите предизвици со кои се соочува светот сега основачот на американската компанија за електрични автомобили Tesla одговори дека тоа е преминот на обновливи извори на енергија, но веднаш потоа го наведе наталитетот.
Како што наведе тој, наталитетот е една од неговите најголеми грижи, но момеби една од помалку познатите. „Битно е луѓето да имаат доволно бебиња за да ја одржат цивилизацијата“ порача Маск.
Бидејќи во Ставангер пристигна со приватен авион, Илон Маск исто така изјави дека на планетата и понатаму и се потребни изворите на фосилни горива.
„Мислам дека, реално, мора краткорочно да ги користиме нафтата и гасот затоа што во спротивно човечката цивилизација ќе пропадне. Посебно овој период со санкциите кои се наметнати за Русија“ додаде тој.
(N1)
(фото: Flickr)