САД развиваат паметна димна завеса која ќе ги заслепува само непријателската војска

- Advertisement -

Американската Агенција за напредни истражувања во одбраната DARPA работи на штит на невидливост, односно еден вид на завеса напредна од средства слични на дим кои ќе ја сокријат американската војска од непријателите и кои ќе го заменат контроверзниот бел фосфор кој има катастрофални последици во контакт со човечка кожа.

Новото воено оружје уште е во рана фаза од истражувањето, но тој чад би можел да се состои од течен аеросолен спреј или инженерски материјал. Од DARPA велат дека таквите средства ќе бидат распоредени на специфични начини за да овозможат еднонасочен поглед низ облакот од чад.

- Advertisement -

Американската војска користи бел фосфор за создавање димни завеси, но тој предизвикува сериозни изгореници после контактот со кожа, кои може да траат и до осум часа. Затоа е опасен како за американските војници, така и за цивилите кои ќе се најдат во борбената зона.

Новото сресство за сокривање на DARPA треба не само да биде безбедно за допир, туку и за вдишување. Таквиот хемиски состав моментално захтева користење само на заштитни маски на терен. Програмата наречена Coded Visibility (CV) почна во јули годинава и треба да трае наредните 4,5 години.

- Advertisement -

DARPA избра неколку американски универзитети за истражување, развој и тестирање на средствата за сокривање, кои ги задоволуваат нејзините критериуми. Тоа вклучува развој на нови средства составени од повеќе честички со прилагодени својства, честички кои може да се прилагодуваат и демонстрација на способностите на пасивниот асиметричен вид во лабораторијски, пилотски и теренски тестови.

Целта на проектот на DARPAе да се елиминира користењето на белиот фосфор, кој беше користен и во Сирија во 2019 година.

- Advertisement -

(Daily Mail)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -